Едукативна активност под мотото „Вози одговорно – животот е во твои раце“

Петар Печков

Во текот на денот, на подрачјето на Велес, ce реализирани превентивни активности од областа на сообраќајот. На неколку локации во Велес реализирана е  превентивно – едукативна активност под мотото „Вози одговорно – животот е во твои раце“.

„На возачите им беше потенцирано за обврските и потребите од почитување на сообраќајните правила и прописи, укажувајќи им дека се должни внимателно да управуваат со своите  возила, да ја прилагодат брзината на движење, да користат сигурносен појас, да не возат под дејство на алкохол, да не употребуваат мобилен телефон“ – соопштија од МВР.

Активноста е реализирана од  полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, заедно со полициски службеници од ПС Велес.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Оценете го годинашниот јубилеен 20 Меѓународен фолклорен фестивал Велес 2025?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати