Едукација на возачите по наплатните рампи, за заштита од пожари

Петар Печков

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, на наплатните станици „Демир Капија“, патен правец Велес – Гевгелија и обратно и „Виничани“ на патниот правец Велес - Градско и обратно, реализирале превентивно-едукативна активност за заштита од пожари на тема „Да ги заштитиме нашите шуми од шумски пожари“ и „Пламените јазици се незапирливи“.

Преку непосредни разговори со возачите и патниците, била нагласена потребата од внимателно и одговорно однесување при патување.

„На граѓаните им беше укажано да не фрлаат догорчиња од цигари или било каков друг вид запаливи материјали покрај патиштата, како и обврската за внимателно и одговорно однесување кога се движат во шумски предели, за да се намали ризикот од појава на пожари на отворен простор, особено во летниот период кога е зголемена температурата и опасноста од пожари е поголема. Целта на активноста е да се зголеми безбедносната култура, но и да се зајакне довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Воедно, беше укажана и потребата од навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување од страна на граѓани, со цел навремена и брза реакција на сите надлежни институции“ - соопштија од МВР.  

На превентивната активност на возачите им биле поделени совети за внимателно возење,  почитување на сообраќајната сигнализација, со напомена да возат одморени со цел безбедно и сигурно патување. Притоа, бил поделен и печатен материјал со едукативни препораки, со цел подигнување на свеста за безбедност.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати