Едукација кон возачите и пешаците, под мотото „Вози одговорно“ и „Не заборавајте сите сме пешаци - бидете одговорни во сообраќајот“

Петар Печков

Отсекот за превенција, заедно со полициските службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес, реализирани се сообраќајни едукативно-превентивни активности. Тие биле насочени кон возачите и пешаците, под мотото „Вози одговорно“ и „Не заборавајте сите сме пешаци - бидете одговорни во сообраќајот“. Целта е да им се укаже на сите учесници во сообраќајот за обврската и потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи. 
 

„На возачите им беше укажано дека се должни внимателно да управуваат со своите возила, да ја прилагодат брзината на движење, да не возат под дејство на алкохол, да користат сигурносен појас, да не употребуваат мобилен телефон и уште низа совети што треба да влијаат за подигнување на јавната свест за зголемување на безбедноста во сообраќајот и унапредување на сообраќајната култура. Исто така, на пешаците како учесници во сообраќајот им беше потенцирана обврската да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да бидат внимателни при преминувањето на улица, за да се зголеми како нивната така и безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот“ - соопштија од МВР.

Бил  поделен и печатен едукативен материјал со совети за поголема безбедност во сообраќајот, изработен од страна на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати