Петар Печков
Објавено: среда, 29 октомври 2025
Во текот на вчерашниот ден, вторник, жител на Росоман, агресивно се однесувал кон полицајците. Кај него биле измерени 3,66 промили на алкохол во крвта. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 28 октомври  во 15:55 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа О.Л.(40 год) од Росоман затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. При преземање мерки, кај него биле измерени 3,66 промили алкохол во крвта“ – информира Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес. 
По наредба на јавен обвинител, О.Л. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
 
                                     
			
		 
			 
			
