Жителите на село Караслари останаа без вода за пиење, од ЈКП Дервен велат дека причината е наводнувањето на нивите

Петар Печков

Жителите на село Караслари, на 30 и повеќе степени во сенка се жедни во попладневните и вечерни часови. Изминатата седмица, чешмите во домовите секнале.

„Неколку дена назад, попладне и вечер немаме вода за пиење по дoмовите. Чешмите се суви, реагиравме до ЈКП Дервен кој управува со водоводот во селото, но вода нема. Се враќаме од нива, поле, треба да се избањаме освежиме а  како кога вода нема“ – велат жителите.

Од ЈКП Дервен одгворноста за немањето на вода, ја префрлаат до кориснците од село Караслари.

„Недостиг од вода во попладневните часови се јавува  поради зголемената потрошувачка на водата што е наменета за потребите на домаќинствата а деновиве се користи и за наводнување на земјоделските култури. 

Односно водата ненаменски се користи, па затоа се јавува и недостиг на вода во водоводната мрежа. Апелираме до жителите на село Караслари водата да ја користат наменски, исклучиво за потребите на домаќинствата“ – одговорија од ЈКП Дервен.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати