Жител на Горно Јаболчиште починал по пад од потпорен ѕид

Петар Печков

Жител на Горно Јаболчиште  починал по пад од потпорен ѕид. СВР Велес со детали за настанот со смртни последици, кој се случил во текот на вчерашниот ден, понеделник.

„На 15 август  во 11.30 чaсот во полициската станица во Велес било пријавено дека во Итна медицинска помош Велес е донесен со повреди Ј.У.(35) од Горно Јаболчиште, кој набрзо им подлегнал на повредите. Според пријавеното, со повредите се здобил при пад на потпорен ѕид, додека со неговиот брат Р.У.(37) го расчистувале дворот“ - соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес

Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати