Жител на Лозово излетал од пат со автомобил, се здобил со скршеници

Петар Печков

Четвртокот на пладне, жител на Лозово излетал со неговиот автомобил од пат при што се здобил со тешки телесни повреди, скрешници. Детали од информацијата на МВР.

„На 04 април  во 13.20 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на локалниот пат од крстосница А-3 до село Каратманово, општина Лозово, патничко возило „форд“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(76 год) од Лозово, излетало надвор од коловозот“ – соопштија од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе по што ќе бидат познати причините за инцидентот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати