Започна градежните работи на преадаптирање на улицата 8 Септември во центарот и реконструкција на тротоарите

Петар Печков

Деновиве се интензивираат градежните работи  на ул. 8 Септември на плоштад Сармаале, кај новиот кружен тек.  Јавноста во градот во дилема дали тоа се проширува влезот во улицата, која со проектот за сообраќајно решение за уредување на централното градско подрачје, претходно беше стеснет и беше тесно грло за сообраќајот.  Тоа пак резултираше со постојани колони возила од Пошта па се до центар , кај споменикот Коњаникот.   ТрМр, ја праша локалната власт, што се работи деновиве во централното градско подрачје.

„Во моментов , и следниот период, се изведуваат градежни работи согласно ново техничко решение за Централното Градско подрачје, со кое ќе се адаптираат одредени делови од улицата (како и целосна реконструкција на тротоарите) се’ со цел да се добие функционална пешачка зона, како и функционално решение за одвивање на сообраќајот“ – одговорот од стручните служби на Општина Велес.

Граѓаните реагираат што нема исцртано пешачките премини, пред  киното кон НА- МА И од НА -МА кон Дворови, кај киоскот. Одговорот за ова прашање добиен од локалната власт е следен:

„Споменатите подрачја сe уште се во реконструктивна фаза на дополнителна обработка, кога во целост ќе се заврши со предвидените работи, ќе се пристапи кон хоризонтална сигнализација, односно бележење“ – пишува во одговорот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати