Започна сезоната за летување, со нив и сообраќајките на странците на автопат

Петар Печков

Утрово, четврток, сообраќајка, кога австриски автомобил излетал од автопат кај Демир Капија. Дете се здобило со тешки телесни повреди. 

Четврток рано наутро  околу 05.00 часот на автопатот Неготино - Демир Капија, на 2 км пред бензинска пумпа „ДЕТ ОИЛ“, патничко возило „Тојота РАВ 4“ со австриски национални ознаки, управувано од M.В.(34) од СР Германија, излетало од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобило седумгодишното дете, сопатник во возилото, кое било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје - информираа од СВР Велес.  

Сообраќајната полиција извршила  увид на местото на настанот. Саботата попладне автомобилот на српски туристи на приодот кај Велес, на враќање од одмор од Грција, излетал од патот и сопатничката се здобила со скрешница на рака. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати