За греењето во ОУ Блаже Конески партиска реакција и одговор од училиштето

Петар Печков

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција кажа дека во ОУ Блаже Конески нема греење, за што ги обвини директорот и градоначалникот.

Во ООУ „Блаже Конески“ не е обезбедено греење за децата кои посетуваат настава и нивните наставници. Револтирани родители реагираат дека нивните деца се принудени да седат на настава со јакни, а одговорот кои тие го добиле е дека на училиштето не му е исплатливо да вклучува греење за само неколку училници.Ги прашуваме јавно, директорот на училиштето и градоначалникот Аце Коцевски, дали е ова вистина? Дали здравјето на децата, во време кога почнуваат сезонските грипови и Ковид пандемијата зема се поголем замав, е побитно од економската исплатливост? Што планирате да направите за децата и наставниците да не премрзнуваат за време на наставата ? - кажа на пладневната  прес конференција портпаролот на ОК ВМРО -ДМНЕ  за Велес, Филип Арлион.  

Одговорот од прозиваниот директор  стигна брзо, демантира дека во училиштето ОУ Блаже Конески  нема греење.

Греење е обезбедено во секоја просторија каде што се одржува настава со физичко присуство во училиштето. Додека трае реконструкцијата на системот за топловодно греењев о училиштето, која што е во завршна фаза, просториите секојдневно ги затоплуваме со други грејни тела. Изнесувањето  на  невистини  во  јавноста  е  одвлекување  на вниманието од успешното раководење на училиштето во кое за помалку од три години се направени инвестиции од околу 300 илјади евра. Една од нив е и целосната реконструкцијата на системот за парното греењево коешто не беше интервенирано повеќе од 35 години - соопшти Јованче Манасков директор на ОУ Блаже Конески.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

  • зголемување на казните за не носење маска
  • затворање на одредени градови, општини со голем број заразени лица
  • повторно воведување полициски час
Резултати