За јубилејот 75 години, најстарото основно музичко училиште во земјава, „Стефан Гајдов“ се поднови со два нови концертни клавири постоење

Петар Печков

Основното музичко училиште „Стефан Гајдов“ одбележува 75 години од постоењето. Тоа е најстарото, или прво во Македонија. Поради услови со пандемијата со ковид-19, немаше свечености, концерти и одбележувања, но затоа училиштето се поднови со набавка на два нови концертни клавири, марка “Фојрих“ (Feurich).

Произведувачот е  проучена, светски позната германска марка со вековна традиција, која инструменти ги произведува во Австрија.   Вредноста на двата клавири е околу три милиони денари, средства добиени од Општината.

„Набавените клавири се за нас од огромно значење.  Ретко се случуваат вакви нешта, за што говори во прилог дека ниту едно основно а малку од средните училишта во земјава, имаат вакви инструменти. Тие се основата  на напредокот на учениците, без инструмент не може да се напредува во музиката“ - вели  Светлана Ташева директорка на улиштето.

По набавката на овие два клавири веста бргу се проширила, па интерес за настап во училиштето, со концерти  најавиле  врвни музичари- клавиристи од Македонија.  

Во ОМУ „Стефан Гајдов настава посетуваат 200 ученици од Велес, кои учат на повеќе инструменти. Од годинава, од есенва, новина се воведен е наставен предмет   „народни инструменти“.

 „Тоа е од големо значење, да се шири и тој вид на музика. За почеток има интерес, не е така голем, верувам дека децата не знаат дека има изучување на овие инструменти, но за почеток е доволно. Очекувам дека со годините ќе се прошири интересот“ - дополни Ташева.   

ОМУ „Стефан Гајдов“ е формирано на  15 јануари 1946-та година а првиот концерт учениците го имале веќе на 31 март  истата година.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати