За „Оранжерии Вардар“ АД Градско казна за 20 илјади евра за излеан мазут во река Вардар

Петар Печков

За правното лице Оранжерии Вардар АД Градско   е изречена казна од 20.000 евра во денарска противвредност за загадување на површински води, согласно Законот за води, соопштија од Државниот инспекторат за животна средина.  Од ДИЖС потсетуваат дека кога се казнува правното лице парична казна плаќа и одговорното лице.

„По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги истражи можните извори и утврди дека излевањето потекнува од оранжериите Вардар АД од Градско. Според информациите, мазутот не се користел и истекувањето се случило од небрежност и неодржување на складиштето со преостанатите резерви“ - соопштија од ДИЖС.

Инспекторатот наредил  и чистење на остатоците од излевањето во кругот на оранжериите, како и склучување договор со компанија лиценцирана за транспорт и отстранување на опасен отпад.

„Наредниот ден е извршен и дополнителен контролен надзор при кој е утврдено дека правното лице има постапено по наредбата“ -додаваат од ДИЖС.
Потенцираат  до сите потенцијални загадувачи дека Инспекторатот повеќе не дава опомени, туку преминува директно на санкции.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ќе гласате на локалните избори, закажани за 17-ти октомври?

  • да
  • не
  • уште не сум одлучил/а
Резултати