Земени се маркери од лицата кои контактирале со тројцата заболени од корона вирусот

Петар Печков

Попладнево нова седница на  Општинскиот штаб за заштита и спасување. Меѓу другите донесени се неколку заклучоци:. 

Сите граѓани кои се напуштени од своите работни места, а припаѓаат во групата на социјално загрозени семејства може да достават барање за доделување на еднократна парична помош во архивата на Општина Велес.

Контактирани се сите лица кои биле во контакт со заболените и од истите се земени медицински маркери кои се навремено испратени на испитување до Министерството за здравство

Општина Велес ќе отвори специјална наменска сметка за сите заинтересирани физички и правни лица, каде можат да донираат финансиски средства, а истите ќе бидат наменети за обезбедување на храна и други неопходни продукти на семејства или поединци коишто ја изгубиле својата работа поради ново настанатата (вонредна) состојба.

Воедно, заинтересираните физички или правни лица, можат исто така да донираат и не готвена храна -конзервирана, пакувана, со подолг рок на траење, наменета за горенаведената категорија на граѓани. Пункт за собирање на оваа намена се одредува ОУД „Лазар Лазаревски”, Велес. Донираната храна ќе биде дистрибуирана преку утврдени податоци од страна на Центарот за социјални работи, во соработка со волонтерите на ОО Црвен крст, Велес и мобилните општински тимови.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати