Петар Печков
Објавено: понеделник, 23 септември 2024
Ноќеска, 23 септември, два часа по полноќ, земјотрес се почувствува и во Велес. Тој бил на 35км северно од градот и 16 км југоисточно од Скопје. Според светските сеизмолошки опсерватории, интензитетот бил 3,4 степени на длабочина од 10 км.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва, во 2.02 часот регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.4“ – соопштија од Сеизмолошката опсерватроија во Скопје.
Според информациите од Центарот за управување со кризи, до 14ч. кај нив нема информација за пријава за оштетување на објект или повредени лица.
Земјотресот изутринава во 2:02 часот по полноќ, со локална Рихтерова магнитуда ML=3.4, ги вознемири жителите на Скопје, Велес, Свети Николе и околните населени места. Во делови на Велeс тој е силно почувстуван, во други не.