Зорица Панчиќ со награда за најдобра женска ролја на фестивалот „5РЕ“

Петар Печков

Претставата „12“  на МНТ и нејзиниот режисер Синиша Ефтимов беа прогласени за најдобри во нивните категории на театарскиот фестивал „5РЕ“ одржан во Велес. 

На годинашното четвтрто издание, за прв пат се доделуваат награди, плакети со ликот на Петре Прличко, во чија чест и се организира фестивалот. Жирито во состав Александар Ивановски, Александар Ѓорѓиев и Миле Вртеоски едногласно ги донело одлуките за наградите.

„Претставата ја освои публиката со длабоката емоција, маестрална режија и неверојатна актерска игра. Претставата носи силни и актуелни теми,  а изведбата ја надмина секоја очекувана граница, со својата интензивна енергија и емоционален интензитет“ – пишува во образложението за наградата за претстават „12“.

„Актерите во претставата со својата искрена моќ на игра ја пренесоа суштината на оваа драма, на секоја сцена каде што настапивме до сега. Силата на уметноста менува, инспирира, гради мостови меѓу луѓето“ – рече Никола Кимовски, директор на МНТ.

„Добивам награди на некои поинакви манифестации, ова е прва вистинска театарска моја награда во животот. Блгодарам на сите  и актерите од претставата и на МНТ и на фестивалот, и на вас велешка публико“ – кажа режисерот Ефтимов.

Во неговата претстава „Госпоѓа министерка“ од Нушиќ,  премиерно поставена на фестивалот, ролјата на Живка, одиграна од Зорица Панчиќ ја доби наградата за најдобра женска улога.  Со неа Панчиќ одбележа 30 години работа на матичната сцена на велешки театар „Јордан Хаџи Констатнинов Џинот“. За најдобра машка улога  на Џорџ, во „Кој се плаши од Вриџинија Вулф“, награда доби Александар Крстиќ актер на Народно позоршите од Ниш –Србија.

Тој по одигрувањето на претставата на сцената на велешки театар, на бис се појави со македонско знаме и со натпис Кочани, што наиде на овации од публиката.  

Жирито додели награди и за споредни ролји, за  женска за улогата на служавката на Марија Новак, во претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Орхидски театар. За машка на Сашо Тасевски како Фастер Адамс, во претставата „Фамилија Адамс“ на Драмски од Скопје. Беше доделена и награда за најдобра претстава од страна на публиката и ја доби „Покојник“ по текст на Нушиќ, на Црногорско народно позориште од Подгорица, во режија на Егон Савин.

На театарскиот фесивал „5РЕ“ беа одиграни шест претстави во официјалната програма, во придружната две станд ап настапи и еден детски мјузикл и фимлска проекција на „Мис Стон“. Фестивалот финансиски е поддржан од Општина Велес и годинава за прв пат од Министерството за култура.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати