Петар Печков
Објавено: четврток, 17 април 2025
Потпишан е Меморандум за соработка помеѓу НУ Театар ,,Јордан Хаџи Константинов - Џинот'' Велес и Културниот центар ,,Златибор'' Чајетина , Србија. Тој има за цел воспоставување, развој и унапредување на меѓусебната соработка во областа на културата и уметноста.
„Со меморандумот се предвидува организирање на заеднички културни манифестации, уметнички работилници, гостувања и проекти кои ќе ја зголемат културната сцена во двете земји. Соработката претставува важен мост на пријателство и професионално поврзување помеѓу македонските и српските уметници и институции“ – кажа Жарко Спасовски, директор на велешки театар
Од двете кулутрни институции преку ваквите партнерства се создава простор за нови идеи, креативни соработки и културна размена која ќе придонесе за афирмација на уметничките вредности и продлабочување на меѓународните односи во културниот сектор.