Со осум претстави, една премиера, две од странство, годинава по четврти пат ќе се одржи фестивалот „5ре“ посветен на Петре Прличко

Петар Печков

Од утре четврток, Светскиот ден на театарот до 15 април на сцената на велешки театар ќе се одржи четвртото издание на театарскиот фестивал „5ре“. Најавени се осум претстави, меѓу  нив две од странство, една детска како и една филмска проекција.

„Годинава имаме богата програма, која се базира на претстави кои во нивните средини добро комуницираат со публиката и се со голема посетеност. За прв пат годинава имаме две претстави и од странство, од регионот, од Ниш и Подгорица. Годинава воведовме и награди, за актер, актерка, режија и претстава во целина. Добитниците ќе добијат плакети“ – кажа Ненад Витанов, дел од здружението „Плус програма“ организатор на фестивалот.

Фестивалот се отвора на 27 март со премиерата на „Госпоѓа министерка“ од Нушиќ во режија на Синиша Ефтимов.На 3 април е стенд ап настапот на Никола Тодоровски со „Лошо куче“. На 4 април е претставата „Покојник“ на Нушиќ во режија на Егон Савин во изведба на Црногорско народно позориште од Подгорица. Следниот ден 5 април е „Секс, лаги и љубомора“ на Народен театар од Охрид а во режја на Коле Ангеловски. На 10 април е детскиот мјузикл „Капетанот Џон Пиплфокс“ од Душко Радовиќ во продукција  на Макс данс студио во режија на Горан Илиќ. „Кој се плаши од Вирџинија Фулф“ од Едвард Олби, на Народно позориште од Ниш во режја на Игор Павловиќ ќе се одигра на 11 април. Следниот ден е хит претставата „Фамилијата Адамс“ на Драмски од Скопје, во режија на Теа Беговска. На 15 април е „12“ на МНТ во режија на Синиша Ефтимов. Во соработка со Кинотеката на Македонија ќе се прикаже реставрирана верзија на  филмот „Мис Стон“ во чест на Петре Прличко.

Организатотот Здружението на граѓани „Плус програма“ најави дека  нема како претходните години резервација на билети по телефон, туку тие ќе може да се набават на билетара и тоа до максиумум 4 за едно лице. Цената на билетот е  200 денари.  Приходот од влезниците од премиерата, ќе бидат наменски за помош на настраданите во Кочани.

Фестивалот финансиски е поддржан од Општина Велес и годинава за прв пат од Министерството за кулутра.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати