Петар Печков
Објавено: четврток, 17 април 2025
Американскиот трилер хорор „Грешници“ премиерно во Киноверзум. Ако продолжиш да танцуваш со ѓаволот, еден ден ќе ти дојде дома. Од Рајан Куглер, режисер на филмовите Црниот пантер и Крид, со Мајкл Б. Џордан во главната улога, ни доаѓа нова визија на стравот: Грешници! Во обид да ги остават зад себе своите проблематични животи, двајца браќа близнаци (Џордан во двојна улога) се враќаат во родниот град за да започнат одново, но набргу откриваат дека ги чека уште поголемо зло. Во овој модерен пресврт на класичната бајка, анимираниот „Бунтовната принцеза“ тврдоглавата принцеза е украдена од злобен волшебник, а нејзиниот научник вереник мора да ја искористи својата памет во епска потрага да ја најде додека таа смело ги предизвикува киднаперите и подготвува смело бегство. Гласовите ги позајмија: Борче Начев како Ронан, Миа Кантарџиева како Мина, Дејан Лилиќ како Кезабаор, Никола Ристановски како Фин, Тања Кочовска како Нахина, Предраг Павловски како Кралот, Димитрије Доксевски како Рогдаи, Андреј Лалчевски како Фа-Чан, Филип Трајковиќ како Кабир и Александар Микиќ како Бјорн.
„Дроп“ американски трилер. Првиот состанок на вдовицата мајка добива застрашувачки пресврт кога таа е бомбардирана со анонимни заканувачки пораки на нејзиниот телефон за време на нивната луксузна вечера, што ја наведува да се прашува дали зад вознемирувањето стои нејзиниот шармантен партнер од вечерата.
Вторник и среда е документарниот филм „Шабан Бајрамовиќ нераскажана приказна“. Нераскажана човечка приказна за Кралот на ромската музика и светската блуз легенда. Во филмот учествуваат Есма Реџепова, Горан Бреговиќ, Зоран Предин.
Најгледаниот филм викендов во светот „Мајнкрафт“ втора недела пред велешани во Киноверзум. Четири чудаци ненадејно се вовлечени низ мистериозен портал во бизарна и коцкеста земја на чудата која се развива со имагинација. За да се вратат дома, тие ќе мора да го совладаат овој свет додека тргнуваат во потрага со неочекуван, стручен занаетчија. Мајнкрафт, најпродаваната видеоигра на сите времиња, во последните 15 години стана глобален феномен, инспирирајќи генерации играчи и креативци. Сега за прв пат светот на игратата се пренесува на филмското платно, нудејќи возбудлива перспектива исполнета со акција, хумор и неверојатна визуелна естетика. Филмот следи четворица аутсајдери – Гарет Ѓубреџијата Гарисон (Момоа), Хенри (Хансен), Натали (Маерс) и Дон (Брукс) – кои, додека се соочуваат со обични проблеми, ќе бидат вовлечени низ таинствен портал во чудесниот Почетен свет. Овој необичен свет е препол со фантазија, но им носи неочекувани предизвици – од учење како да се однесуваат во новото опкружување до одбрана од непријатели како Пиглин и Зомби. На својот пат го среќаваат рударот и градител Стив (Блек), па заедно со него тргнуваат во епска авантура што ќе ги научи како да ја користат сопствената креативност за надминување на сите пречки, како во светот на Мајнкрафт, така и во вистинскиот живот.