Иванов - Со Европските реформи создаваме функционална држава

Петар Печков

Пратеникот Панче Иванов во републичкото Собрание денес на прес конференција порача дека  со европските реформи создаваме функционална држава во која владеат редот и законот и во која институциите се сервис на граѓаните, отворени и отчетни. 

Зачленувањето во Европската  Унија  е позитивна промена која ќе резултира со изградба на европско општество и држава по европски правила. Низ оваа трансформација, со поддршка од Европската Унија ќе обезбедиме независно судство, слободни медиуми, професионална јавна администрација, подобро и подостапно здравство, поквалитетно образование и беспоштедна борба против корупцијата. Ние избираме да одиме напред, кон подобра иднина, преку членство во НАТО Алијансата и Европската Унија. Не сакаме да останеме заглавени во неизвесност, ризик и изолација. Членството во НАТО Алијансата  и Европската Унија  гарантира просперитет, економски развој и подобар живот на сите наши граѓани и за сите наши деца - порача Иванов.  

Претходно на друга прес конференција лидерот на велешките социјалдемократи Дејан Арсовски кажа дека  секој глас ЗА  Европска Македонија носи повеќе странски инвестиции и повеќе фондови од Европската Унија :

Повисоки плати, нови работни места, повеќе странски инвестиции, фондови, вложувања во инфраструктура. Еве, почитувани сограѓани, што Европската Унија обезбеди за Македонија за 2019 година : приближно 15 милиони евра во секторот земјоделство, 15 милиони евра  за конкурентност и иновации  и приближно 20 милиони евра за образование, вработување и социјална вклученост -изјави Арсовски. 

И двајцата повикаа граѓаните да излезат недела да гласаат на 30-ти септември Да изберат иднина за нашите деца, иднина за Македонија, бидејќи Европската Унија  ја поддржува Европска  Македонија. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати