Избор од Француската збирка на Музејот на современа уметност од Скопје, претставен на изложба во Велес

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес вчеравечер беше отворена изложбата „Континуитети“, со поднаслов „Секаде дома“, на која е претставен избор од Француската збирка на Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје. 

На изложбата се изложеби 34 дела, четири од нив се склуптури, на 30  автори  уметници од повеќе држави, Тие доаѓаат од  Франција, Либан, Ерменија, Шпанија, поранешна Југолсавија,  Данска, Шведска, Германија...

„Се одлучивме на Француската збирка, оти е многу специфична. Претставуваме подолг континуитет на дела создавани  во 20 век. Овој избор ја покажува доминацијата на Париз како светски центар, бидејќи ги собрал уметниците од цел свет. Ни беше значајно да покажеме, не само различни стилови на творење, различни пристапи, продукција  која е создадена од 30 години од минатиот век па наваму, туку да покажеме дека е важно  создавање на средини  кои се космополитски, отворени, кои негуваат интернационален дух“ – кажа Владимир Јанчевски, кустот  од МСУ еден од кураторите на изложбата.

Делата кои се изложени, се дел од збирката создадени  слики, склуптури од автори кои творат во Париз Франција а  од донирани по катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година. Меѓу авторите се Алберт Сулилу, Фернан Леже, Петер Стамфри, Виктор Вазарели, Карлос Круз Диес.... 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати