Излета камион кај Гевгелија, повредени се 24 мигранти, двајца се хоспитализирани

Петар Печков

Вчера доцна попладне  во близина на Гевгелија, камион кој превезувал  49 мигранти излетал од патот. При овој инцидент повредени се 24 лица, две со тешки повреди кои се хоспитализирани. Во давањето на здравствена  помош на миграните учествувале екипи на итната помош од Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Неготино.

„После 19 часот во Општа Болница Гевгелија во неколку наврати донесени се повредени лица во сообраќајна незгода. Тие се  примени на хируршко одделение. Вкупно с згрижени 24 лица, со различен тип и тежина на повреди. По направените прегледи, РТГ снимања и други испитувања, констатирано е дека со полесни телесни повреди се здобиле 22 лица. Тоа се со површински рани, контузии и по санацијата на нивните повреди се префрлени во Транзинтен центар  „Винојуг“, со препорака за дополнителни опсервации и контроли. Две лица со тешки телесни повреди се препратени до Ургентен клинички центар во Скопје.    Едното лице со повреди на граден кош е здржан таму, додека  другото лице со повреди ан торакален пршлен е вратен во Болница Гевгелија, со препорака за натамошен хоспитален третман на хируршко одделение.“ - кажа д-р Митко Крџов, директор ан Општа Болница Гевгелија.

Повеќето од 49-те мигранти кои биле превезувани во камионот, според нивно кажување биле Сиријци. Од МВР со информација дека сообраќајката се случила на регионален пат.

„На 10 август  во 18:10 пријавено е дека товарно возило излетало од патот на клучка од село Марвинци кон М1, регионален пат Гевгелија - Демир Капија. Утврдено е дека се работи за товарно возило Сканија со приколка со скопски таблици. Возачот се дал во бегство, а на лице место се пронајдени мигранти“- соопштија од МВР.  Полицијата  презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати