Изложба во Велес на принтови од јапонски дрворези, уметност која е прогласена за светско културно наследство (фото видео)

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес отворена е изложба на принтови, Јапонска графика на дрворези цртежи од најпознатите јапонски мајстори од 16 до почеток на 19 век.  Претставени се 28 дела од различни автори. Тие се сопственост на Музејот на град Скопје, кому биле подарени пред 10 години од страна на Друштвото за Македонско- Јапонско пријателство од Скопје.

„Оваа изложба ќе посети десетина града во наредните три месеци и е знак на пријателството помеѓу двете земји, но и 30  годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи“ - порача Н.Е. Казуја Оцука амбасадор на Јапонија во Скопје.    Тој на отворањето на изложбата  на гитара ја изведе традиционалната велешка  народна песна „Елено ќерко“.

Претставувањето на овие дела започна од Велес за ќе заврши во јуни во Скопје.  За изложбата говореше кустосот Јасмина Намичева од Музеј на град Скопје.

„Ова е врвна  уметност која е прогласена за светско културно наследство. На изложбата има претставено  принтови од првите автори, дела кои се моноколоритни, со две бои, натака внесуваат повеќе колор  и се со различни теми од секојдневниот живот.  Претставена е убавината на црешовиот цвет, убавината на жената која во Јапонија  има клучно место во тамошното општество. Ова се принтови изработени на дрво, дрворези. Секоја боја одделено се печати, и тука е големата вештина на УКИЈО –Е мајсторите“ - кажа Намичева.

Овие дела за прв пат светот ги видел на големата изложба во Париз на почетокот на 20 век, кога светот ја открива оваа уметност. Тогаш импресионистите во Париз, се фасцинирани од уметноста  на техниката на сликање и почнуваат да работа на истиот начин.

До публиката во Велес  ќе допре шармот на „светот кој лебди“ кој е отслик на подемот на трговската класа во градот Едо, денешно Токио при тоа славејќи ја убавината на месечината, снегот, црешовиот цвет или јаворовиот лист. Раскошните квартови во Едо, во кои самураите и граѓаните ја сочинуваат новата градска класа, која се натпреварува во елеганцијата и рафинираниот вкус, стануваат неисцрпна тема на дрворезите на укијо-е мајсторите.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати