За прв пат по 14 години македонски автори, Војдан Андонов и Цанко Стефанов од стрип судиото Парагонс се добитници на првата награда на меѓународниот стрип салон во Велес

Петар Печков

После 14 години пауза, добитници на првата награда на Меѓународниот стрип салон кој се одржува во Велес се македонски автори. Наградата во висина од 300 евра,  ја освоија Војдан Андонов(сценарио) од Скопје и Цанко Стефанов (цртеж) од Демир Капија, за стрипот Револвер.

„Од 19 години работам на стрип, сега сум 28.Стрипот кај нас е фамилијарна работа, јас сум наследник, дедо ми, татко ми, чичко ми сите се големи стрип љубеници, имам колекција стрипови и беше лесно да се внесам во овие води.  Приказната во наградениот стрип е за првиот револвер во Европа“ – кажа Стефанов.  Тој заедно со Војдан Андонов се членови на стрип студиото, Парагонс од Скопје.

 „Ние сме десет членови на ова студио за стрип, кое постои година и половина, осумина се уметници, цртачи  и двајца се сценаристи. Ова го работиме со голема жар, со голема љубов кон уметноста, кон стрипот. Подготуваме нови работи, кои искрено се надеваме дека ќе и се допаднат на македонската публика“ – изјави Андонов.

На годинашниот 21 по ред меѓународен стрип салон „Велес 2024“ стигнале 351 стрип, што според организаторот е меѓу рекордните бројки пристигнати стрипови на досегашните изданија, стрип дела изработени од автори од 17 држави.

„Меѓу пристигнати дела имаме безмалку 200 стрипови од македонски автори, што е импозантна бројка. Тоа говори за еден жив, неверојатно голем интерес за сгрип културата во Македонија. Воочивме  како жири, дека дел од авторските трудовите се дела на млади стрип ентузијасти, вљубеници во сликовното приповедање, кои допрва почнуваат да ги откриваат тајните на стрипот. Друг дел се дела на веќе афирмирани професионалци, афирмирани мајстори на стриповскиот јазик, кои работат за познати светки стрип издавачки куќи. Радува бројноста на  делата од македонските автори, уметници и илустратори, што говори дека стрипот во оваа нова визуелна ера која ја живееме, за младите стрипот не е уметност од маргините, туку станува  платформа, модел за комуникација.Тоа може да не` радуива, дека стрипoт се враќа како деветта уметност во земјава“ – рече д-р  Бошко Караџов, член на жирито, во кое беа Ване Трајков и Горан Мазнев.

Добитник на втората награда е стрипот „Вера, невера“ на  група автори од Србија и третата награда „Коцкање со животот“ на  авторите Никола Видаковиќ (сценарио) и Драган Павасовиќ (цртеж) исто така од Србија.

Меѓународниот стрип салон во Велес финансиски е поддржан од Министерството за култура и од Општина Велес.

Поврзани »

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година. Детали

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година.

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати