Есенва велешки театар учесник на меѓународниот театарски фестивал МЕС во Сараево и на ФИАТ во Подгорица

Петар Печков

Велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот, со претставата „Едвард Втори” е селектиран  во официјалната селекција на меѓународниот  Фестивал на  мали и експериментални сцени  Сараево МЕСС. Претставата е според Кристофер Марлоу, во режија на Украинецот  Андриј Жолдак и драматургија на Сашо Димоски, копродукција меѓу Велешкиот театар и Драмскиот театар од Пловдив, Република Бугарија.

Фестивалот МЕСС е најстариот театарски фестивал во југоисточна Европа, основан во 1960 година и уште од своите зачетоци е иноваторски, ризикувајќи и вложувајќи во најхрабрите уметнички проекти.  Претставата “Едвард Втори” ќе биде изведена на сцената на Народно Позориште Сараево на 6 октомври .


Есенва велешки театар ќе настапи и на меѓународниот Фестивал на алтернативен театар со две претстави.  Во официјалната селекција избрани се „Нема струја за електричниот стол” и „Мац, Мац” во официјалната селекција на ФИАТ во Подгорица,  Црна Гора.

Претставата „Нема струја за електричниот стол”, текст на Александр Секулов и режија на Дејан Пројковски, претходно беше изведена во Пловдив, на фестивалот “Сцена на крстопат”, на Македонскиот Театарски Фестивал во Прилеп, како и на сцената на Београдско Драмско Позориште преку меѓународниот протокол “Наши Денови”, а гостуваше и во Драмски театар Скопје. Претставата ќе биде изведена  ќе биде на сцената на Црногорско Народно Позориште , на 14 октовмри.

Претходниот ден, на истата сцена, ќе биде изведена ретставата “Мац, Мац”, копродукција со театарот “Пресврт”, режија и кореографија на Филип Петковски, според “Мачка на вжештен лимен покрив” од Тенеси Вилијамс. Ова е второ меѓународно претставување на оваа копродукција, после онаа на ИТФ Приштина, каде беше и наградена.

Поврзани »

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година. Детали

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година.

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати