Се додека не се санира гледалиштето во театарот во Стоби, нема можност таму да се одигра театарска претстава

Петар Печков

Фестивалот на античка драма „Стоби“ неколку години се одржува во театарот во Велес. Поради реконструкција, реставрација, конзервација и археолошки истражувања на најатрактивниот објект во археолошкиот локалитет, театарот не е можно да се користи за одржување на претстави, како дел од манифестацијата која таму се одржуваше од 2001 до 2013. Раководителот на проектот за археолошки истражувања Гоце Павловски, вели дека има уште доста работа, додека театарот во Стоби повторно прими публика.

„Фестивалот му го враќаше духот на театарот и локалитетот. Со него оживуваше и не` беше нем споменик на едно време. Публиката со нејзиното присуство ја чувстуваше грандиозноста, но и искусуваше  слична програма која се случувала тука пред многу векови. За жал театарот не може да се користи, се додека не се заврши  конзервацијата, реставрацијата, реконструкцијата. Проектот е од 2013 година, можете да видите дека се конзервирани лежиштата за седиштата, останува да бидат вратени мермерните блокови, за да го ставиме театарот во функција“ – кажа Павловски археолог во НУ Стоби.

Во 1992 годинa, со претставата „Електра“ започна да се играат претстави во театарот, во организација на велешки театар, десетина години беше со по една претстава годишно. Од 2001 започна да се организира Фестивалот на античка драма „Стоби“, кога имаше и по шест-седум претстави во текот на две седмици во летниот период. Последен пат во локалитетот Стоби се одигра претстава во август 2021, но на просторот од Теодосијанската палата кога беше изведена    претставата „Орестија“ од Есхил.

„Половината која се користеше за публиката, не може да биде користена оти мермерот се распаѓа а ѕидовите кои се темел кој ги држи тие блокови, пропаѓаат надолу. Постои  опасност и за публиката и за уништување на објектот.  Се додека трае проектот не може да се прима публика. Но доколку во иднина се добијат потребните средства, дали од државата или од некој од фондовите на ЕУ, или трета институција, може да се реконструира оваа половина и како театарите во Охрид или во Хераклеа, да биде место за разни случувања, не само  за театарски претстави туку и концерти. Тоа ќе значи популаризација на локалитетот“ – дополни Павловски.

Поврзани »

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година. Детали

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година.

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати