Петар Печков
Објавено: четврток, 12 декември 2024
Во светиниколското село Амзабегово, во дуќан, пронашла поголемо количество петарди. Деталите од информацијата на МВР.
„На 11 декември во 13.30 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе извршиле преглед во продажен објект во село Амзабегово, светиниколско, сопственост на А.Б.(52 год) од село Амзабегово. При прегледот биле пронајдени и одземени околу 1500 пиротехнички средства“ - соопштија од МВР.
За настанот бил известен надлежен јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.