Инцидент во околината на Степанци, двајца полицајци тешко повредени од дрвокрадци

Петар Печков

Вечерва во околината на село Степанци, се случил инцидент, откако дрвокрадци нападнале полицајци. Првичните информации се дека две лица се потешко повредени а едниот од нив, поради тежината на повредата е  итно пренесен на Ургентен во Скопје. 

Инцидентот се случил околу 19,45 ч. кога полициска екипа од Чашка, отишла  на интервенција, откако биле запленети два возила со дрва, кои не биле легално исечени.  На местото на настанот била екипа на Итната помош.

Кај едниот пациент има повреда на глава а кај вториот затворена  рана на стомакот. Дадена е прва помош и веднаш се префрлени на Хируршкото одделение од Велешка Болница - информираше д-р Васе Пановска, портпарол на Итната помош.  

Како итни случи донесени се пет лица, две се со потешки повреди. Едниот пациент поради повреди на черепот е префрлен на Ургентен во Скопја а вториот е со рана на стомакот и е во шок соба, засега останува во Велешка Болница. Трите остани лица се со полесни повреди - кажа д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

Со години назад дрвокрадци ја пустошат шумата околу село Степанци, на стариот пат од Велес за Прилеп, преку планината Мукос.  Освен што ја пустошат, шумските полицајци  во претходните  случаи  сведочеа дека  дрвокрадците, кои без исклучок се од прилепско, се  агресивни, се закануваат со пиштоли, со секири и ладно оружје.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

  • зголемување на казните за не носење маска
  • затворање на одредени градови, општини со голем број заразени лица
  • повторно воведување полициски час
Резултати