И во Велес денес претпладне се реализираше акцијата „Генералка викенд 2025“

Петар Печков

И во Велес денес претепладне се реалзираше акцијата  „Генералка викенд 2025“. Ја реализираа вработени од  ЈКП Дервен и  Општина Велес.  Се чистеше во близина на депонијата за градежен шут на ЈКП Дервен.

Акцијата за чистење и селектирање на отпад на територија на Општина Велес оваа година се спроведе  на улица Павел Шатев во населба Керамидна.

ЈКП Дервен учествуваше со работна рака и механизација во чистење на дел од депонијата за градежен шут и чистење и уредување на зеленилото на ул. Павел Шатев.

Акцијата продолжува викендов  на 10 и 11 мај со учество на институции, училишта, здруженија и поединци, со цел подигање на јавната свест и создавање почиста, поздрава и поодржлива средина за сите.

Организатор е  компанијата „МЕН ЕНД МАУНТЕН”, со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, ЗЕЛС, Црвен крст, Пивара, Пакомак, Шпаркасе МК, Нула отпад, Бучим, Макстил, ЕВН и Костал.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Магационер
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати