И во Велес се земаат материјали и брисеви за тестирање за корона вирус

Петар Печков

Од денеска почнуваат да функционираат 14 пунктови за земање материјали и брисеви за тестирање за корона вирус во целата земја, меѓу нив е и еден во Велес.

Тој се наоѓа во Центарот за јавно здравје (Хигиенски).  Ќе се тестираат граѓани по епидемиолошки индикации и со закажување по претходна најава кај матичниот лекар кој ќе треба да пополни алторитам што ќе укаже на тоа дали граѓанинот треба да биде тестиран или не.

Заинтересираните ќе можат да закажат земање брис преку матичните лекари, преку ,,мој термин,,. За ова имаме подготвена посебна просторија во Центарот за Јавно здравје во Велес,  со посебен влез, да не се мешаат со останати пациенти. Оваа услуга е бесплатна. Ќе се земаат брисеви единствено од лица кои се во ризик - изјави за ТрМр епидемиолог, примариус д-р Билјана Трајкова координатор за состојбата со корона вирусот во велешко.

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати