И жителите на Горно Оризари реагираат дека навечер се без вода

Петар Печков

Жителите на населбата Горно Оризари реагираат дека последнире две седмици, кога започнаа високите температури,  во дел од денот се без вода за пиење. Неа ја немало во попладневните и вечерни часови.

„Петанесетина дена од кај 17ч до полноиќ немаме вода. Не можеме да се избањаме, одржуваме хигиена. На овие 40 степени ние сме без вода. Пред некоја година се направи нешто за да ја имаме постојано, но не е така. Овој проблем е со години и треба стручно да се реши, не со решенија од денес за утре. Сега овој период на гости ни се блиските  од странство а што и како да ги пречекаме внуците,децата, нема да им текне да се вратат“ – вели жител на Горно Оризари. 

Од ЈКП Дервен кој стопанисува со водоводот, објаснуваат дека зголемената потрошувачка, и ненаменското корисење на водата се причината за немањето вода.

„Во 2024 година за потребите на водоснабдувањето на  Горно Оризари беше поставена нова пумпа со поголем капацитет од 1,6 л/сек. наместо претходната која имаше капацитет од 1,2 л/сек. Со ова решение жителите од населбата, во периодот од годината кога нема наводнување на земјоделски култури, немаат проблеми за водоснабдувањето. Во текот на летото, поради прекумерно трошење на водата од водоводната мрежа ненаменски – за наводнување на земјоделски култури се јавува недостиг од вода во куќите од повисокиот дел од селото. Доколку преработената вода се користи наменски, за потребите на домаќинствата, вода ќе има доволно за сите од селото. И жителите се свесни дека со таква потрошувачка, ниту новата пумпа не може  да го наполни резервоарот. Затоа апелираме оваа квалитетна, преработена вода да се користи за лична употреба,  а не за наводнување на земјоделските култури“ – информираа од ЈКП Дервен. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати