И полжавот носи дополнителен приход

Петар Печков

Оваа пролет дел од невработените велешани и од социјално ранливите категории го пополнија скромниот домашен буџет со собирање на полжавот. Цел април и   мај месец тие беа по околината на градот за да се соберат што повеќе од овие мекотелни животни.

Ангажирани се помладите од  семејства за да собере денар плус. Полжавот годинава се откупува по 25 денари за кг.  Доаѓаат повеќе помлади, кои полесно ги собираат полжавите, бидејќи мора да се наведнуваат, бара физичка кондиција.

Ги пронаоѓаме  покрај пругата Велес- Гевгелија, околу  плантажите на Жито близу Ногаевци, рано наутро кога има роса или ако денот е врнежлив. Годинава април беше таков, додека во мај сега последната недела - вели собирач на полжави.

Повеќе собираат помлади, на кои парите од откупот им се добредојдени како џепарлак.  Се собира шумскиот  или турски полжав, тој се откупува, другите видови не.
Годинава  не е како ланската. Помалку е врнежлива и нема толку откуп. Но има интерес. Вообичаено тоа се исти лица, кои веќе со години го работат  ова, го знаат теренот и имаат искуство– вели Митре Димовски, сопственик на фирмата Теа плантс, која откупува полжави. 

Се откупува сосе куќарката и месниот дели целосно оди за извоз.  каде се подготвува како   деликатесна храна и специјалитет. Поради зачувување на биодиверзитетот, набргу ќе престане откупот, во периодот на размножување на полжавот.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати