Кавадарчанец доби истражен затвор за силување на поранешна сопруга

Петар Печков

На 9-ти март  годинава во 9  часот во Полициската станица Кавадарци, 29-годишна жена од Кавадарци пријавила дека истиот ден околу 5 часот кога се враќала во својот дом ја пресретнал нејзиниот поранешен сопруг  Д.А. (32 години) од Кавадарци кој извршил обљуба врз неа. Полицијата против него поднесе кривична пријава за силување. 

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против истото лице на возраст од 32 години поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело – Силување.

Осомничениот на 09.03.2019 година, ја присилил на обљуба својата поранешна сопруга. Тој ја чекал оштетената во влезот од зградата каде таа живее и кога ја отклучила влезната врата од својот стан, ја фатил за раката и насилно ја внесол во дневната соба. Потоа ја турнал на креветот, ја влечел за коса и ја стегал за вратот, велејќи и дека ќе има сексуален однос со неа „милум или силум“. Кога оштетената одбила да се соблече, осомничениот и ја скинал кошулата и извршил обљуба врз неа, совладувајќи го нејзиниот отпор изразен во удари со нозете по градите и рамената.

Имајќи предвид дека по извршеното кривично дело осомничениот го напуштил своето живеалиште и бил отсутен се до следниот ден, можноста поради заедничкото дете да стапи во контакти со оштетената и да влијае врз истата или да го повтори кривичното дело, до судија на претходна постапка на Основен суд Велес е доставен предлог за определување на мерка притвор против осомничениот. Предлогот на надлежниот јавен обвинител е прифатен, па на осомничениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати