Карпа падна на пругата кон Битола, кај Стари Град, железничкиот сообраќај во застој

Петар Печков

Железничкиот сообраќај кон  Битола е во застој, причина паднала карпа.   Тоа се случило помеѓу железничките станици Мартолци и Стари град, вчеравечер околу 22 часот.  Во тоа време требало на критичното место да мине парничкиот воз за Битола, но машиновозачот бил навреме известен и сопрел подалеку од местото каде паднала карпата.  Од Македонски железници АД Транспорт и ЈП МЖ Инфраструктура ја потврдија веста.  

Екипи на стручните служби од ЈП за железничка инфраструктура Железници на РС Македонија се излезени и работат на терен. Очекуваме  за два дена пругата да биде расчистена и сообраќајот  од Скопје до Битола да биде нормализиран - информираа од МК Инфраструктура. На местото каде била падната карпата веќе се наоѓале нивни машини кои работел на расчистување на пругата. Поради ново настаната состојба, железничкиот сообраќај од Велес кон Битола е во прекин.  

Патничките возови од Скопје за Битола ќе сообраќаат до Велес и обратно, освен утринскиот кој од железничка станица Скопје тргнува во 6,54 ч.  Поради тоа  патничкиот воз за Гевгелија кој тргнува од Скопје во 6,23ч ќе поаѓа подоцна 30 минути за да го покрие утринскиот воз кој од Скопје поаѓаше за Битола а ќе сообраќа до Велес - информираше Беким Лачи портпарол на МЖ Транспорт.  

На истото место пред пет години, почетокот на ноември 2015-та се случи одрон на карпа и имаше застој на железничкиот  сообраќај кон Битола, кој траеше еден месец. 

 фото архива

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати