Петар Печков
Објавено: петок, 05 септември 2025
Велешката касарна Алексо Демниевски Баумна, за прв пат го одбележа патронот, годишнината од смртта и раѓањето. На свеченсота одржана во дворот од касараната пред воени старешини и гости, се обрати генерал мајор Лулзим Нуредини, командант на Командата за обука и доктрина. (КОД).
„На овој ден не го одбележуваме само патронатот, туку и делото на Бауман за слобода и праведност. Тој не бил само воен лидер туку и човек кој го посветил својот живот на идеалите. Неговото име е симбол на храброста, посветеноста, бескомпромисна борба за слобода. Одбележувањето на патронатот потекнува со години нанзад, кога тогашен командант генерал мајор Зоран Динески сега пензионер праша, како ние го одбележуваме настанот кој е поврзан со името на касарните низ земајва каде се семстени војниците, а што не е поврзано со самите единици. Како командант на Командата за обука и доктрина, која е сместена во касарната во Велес, цел ми беше да го одбележиме патронатот. И годинава тоа конечно се случи“ – кажа генерал мајор Лулзим Нуредини, командант на Командата за обука и доктрина.
Алексо Демниевски - Бауман (Велес, 10 септември 1905 - Белград, 5 септември 1961 е комунист , учесник во Шпанската граѓанска војна и во НОБ од крајот на 1944 година. Како командант на Петнаесеттиот македонски корпус. Учествува во борбите на Сремскиот фронт. Неговиот корпус на 13 април 1945 година учествува во ослободувањето на Винковци, Славонска Пожега, Славонски Брод, Загреб и Цеље. Посветн на идеалите за подобар свет, тој не формирал семејство.