Кај велешанец дома пронајдени 11кг опиум

Петар Печков

Четвртокот попладне во домот на велешанец пронајдени 11 кг опиум. Тоа е супстанција што се добива со засекување (режење) на зелените чашки на посебен вид афион - опиумски афион од кои истекува млечен сок. Таквиот сок потоа се суши на воздух додека не се добие кафеава смеса. Со преработка на опиумот се добива полусинтетски производ,  хероин.

„На 06.02.2025 во 16.00 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода З.К.(54 год) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, била пронајдена и одземена темно кафеава грутчеста материја, за која по извршеното вештачење во Одделот за форензички испитувања било утврдено дека е опиум со нето маса од 11 килограми“ – соопштија од МВР.

Основното јавно обвинителство Велес донело Наредба за спроведување истражна постапка против З.К. за Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, за што е предвидена затворска казна од 3 до 10 години.

„Осомничениот 54-годишник, во двор од куќа во Велес неовластено за продажба држел речиси 11 килограми опојна дрога опиум спакувана во повеќе помали пакувања“ - соопштија од ОЈО Велес.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот со цел негово обезбедување во текот на постапката. Предлогот е прифатен и одреден му е притвор во траење до 30 дена.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

  • да
  • не
Резултати