Петар Печков
Објавено: четврток, 06 февруари 2025
Вчеравчер, во велешкото село Бистрица се случил пожар во семејна куќа, при што по локализирањето е пронајдено опожарено човечко тело. Огнот бил гаснат пет часа. Селото е во регионот на Азот, општина Чашка и оддалечено од Велес еден час возење.
„Повикот за пожар во Територијалнта противпожарна единица Велес бил примен во 22,26 а екипта од едно возило и пт пожарнираки се вратила утрото во 5,35. За случајто била побарана помош до ЕВН а била известена и полицијата. Опожарена е површина од 150 м2, во опожарениот дел е пронајдено човечко тело, на сопственичката која била на возраст од 85 години“ – соопштија од Центарот за управување кризи од Велес.
Мештаните од село Бистрица велат дека жената живеела сама во куќата, немала блиски роднини во селото.
„Екипата на велешката пожарна вечерта на 5 февруари, пет часа го локализираше огнот во куќа во селото Бистрица. По завршувањето на гаснењето, во куќата беше пронајдено човечко тело“ – информираа од ТППЕ Велес.
фото илустрација