Петар Печков
Објавено: недела, 09 февруари 2025
Пладневно, недела пожар во стан од зградата, позната како Панини, во Велес. Интервенирале велешките пожарникари, кои спречиел огнот да се прошири. Деталите од информацијата на ТППЕ Велес.
„На ден 09.02.2025 во 14:15 примена е дојава за запален стан на ул. Благој Ѓорев бр. 91/40. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со две возило и шест пожарникари спасители. По пристигнување на лице место во станот гореше кујната и електрични апарати. Благодарение на брзото пристигнување и брзата интервенција спречена е поголема катастрофа“ – соопштија од ТППЕ Велес.
Од СВР Велес информираа дека пожарот бил во стан сопственост на Р.М. (43 год).