Кај некои граѓани се доцни и до пет години со доставувањето на решенијата за данок на имот

Петар Печков


Зошто се доцни со доставувањето и наплатата на данокот на имот кај одредени граѓани, праша членот на Совето Јованче Манасков. Кажа дека има случаи таа да доцни и по пет години, да не се доставени решенијата.  Градоначалникот Марко Колев обајсни дека наследил несработени предмети од 2015 година, и истите требало и време и луѓе да се сработат. 

„Кога пред пет години ја преземав локалната власт, имаше илјадници предмети  нерешени, данок на имот, легализација, оставински постапки. Изминатите четири години направивме се за  таа бројка да се намали, вработивме проценители. Доста решивме, илјадници, има доста за решавање, имаше многу заостанати, решивме 80 отсто, остануваат уште 20 отсто. Од 2015 до 2020 година овие предмети не се работеле. Толку предмети не може веднаш за кратко време да се сработат. Имаше тројца сега имаа шестмина проценители.  Проценителите треба да излезат на терен – на лице место, тоа ја кочи работата. Еден вработен може дневно да сработи неколку предмети, не стотина. Луѓето реагираат бараат да си го платат  данокот. Се работи на завршување на 2019 година, нема нерешени од 2021 години наваму“ – кажа Колев. 

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Оператори за производство на крвни линии
Оператори за производство на црева (оддел за екструзија)
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати