Комуналците за четири дена на спортските игри собрале 50 м3 смет

Петар Печков

Од 3 до 7 јуни, во Велес на терените од Градскиот парк  се одржаа 4-тите Спортски игри. Учествуваа над 600 учесници не само од Македонија.

Во овој период просторот беше преполн со посетители. Тие зад себе во овие денови оставиле големо количество на смет.

Од ЈКП Дервен соопштија дека нивни екипи постојано биле таму и ги чистеле ѓубрето. За четири дена, колку што траше настанот,  собрани биле 50 м3 смет.Тоа било големо количество за толку мал простор, објаснвуаат велешките комуналци.

Иако имало голем број корпи и канти, некои од посетителите го оставале, надвор од нив,  на отворен простор. 

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Магационер
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати