Концерт за поканата за НАТО

Петар Печков

Владата в сабота организира забава во 15 града по повод добивањето покана од НАТО да станеме 30-та членка, најави премиерот Зоран Заев од Брисел.

„Ве повикувам во сабота, на 14 јули, да прославиме заедно во градовите низ Македонија по добивањето на поканата за влез НАТО. Владата подготвува прослави во 15 градови каде што со домашна музика ќе си честитаме затоа што одиме напред, Македонија влегува во НАТО и чекори кон ЕУ“, изјави Заев.

Македонија започнува нова приказна добивме покана за членство во НАТО и датум за преговори со ЕУ. Застануваме рамо до рамо со најсилните земји од Европа и светот.

Македонија зачекорува во ново време. Време на надеж, на победи, на гордост. Време на сигурност и безбедност. Доаѓа време на подобар живот за сите граѓани тука во нашата земја. Се изборивме за сигурна иднина!

 

Ве покануваме оваа сабота, на 14 јули, да се обединиме и заедно да го прославиме историскиот успех на Македонија.

 

Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ - стои во поканата до Владата. 

Во Велес концертот че се одржи во  Амфитеатарот  од Младинскиот парк со почеток од  21ч. Гости се: Слаткаристика и Ферус Мустафов

Еве ги останати учесници и термини  

15 ГРАДОВИ - 40 ИЗВЕДУВАЧИ:

       Скопје / централна прослава Градски парк - 21:00

Изведувачи: Кирил Џајковски, Архангел, Këpurdhat

      Куманово Градски плоштад - 21:00

Изведувачи: Muhamed Ibrahimi, Шутка Рома Рап, PMG Kolektiv, Фолтин

         Кавадарци  Градски плоштад - 21:00

Изведувачи: Кристина Арнаудова, Нокаут

     Кичево Градски плоштад - 21:00

Изведувачи: Владо Јаневски, Adrian Gaxha

   Прилеп Градски плоштад - 20:00

Изведувачи: 5+ бенд

     Охрид Градски плоштад - 18:00

Изведувачи: Лозано, Исмаил Лумановски

    Битола Широк Сокак - 21:00

Изведувачи: Дуке Бојаџиев, Горан Кан, FLOODER, DEJAN DEX

    Тетово Градски плоштад - 18:00

Изведувачи: BIG MAMA, Дани Димитровска, HIGH CONTROL, SHPAT KASAPI

      Гостивар Градски плоштад - 21:00

Изведувачи: Ареа, FECKY FARRIS 

     Штип Плоштад - 21:00

Изведувачи: ДНК, Елена Ристеска

     Кочани Трговски центар - 21:00

Изведувачи: Лепи Џони, БАКЛАВА & special guest KING NAAT VELIOV, Conquering Lion

     Струга Чаршија - 21:00

Изведувачи: Blla Blla Blla, С.А.Ф., Maci Stojanovic

*Во соработка со Дрим Он фестивал

      Гевгелија Плоштад - 21:00

Изведувачи: Ерик Фокс, Бени Нон Стоп + Златко Ориѓански

      Струмица  Пред Дом на култура - 21:00

Изведувачи: Чалгија Саунд Систем, Љубојна

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати