Крадец фатен на дело во канцеларија во центарот на градот

Петар Печков

Прилепчанецот Љ.М. ( 57 год) бил откриен од двајца полицајци позорникари додека пребарувал пари во  канцеларијата на ,,Националната групација за осигурување – Осигурителна полиса,, во центарот на градот. Тој со сила и специјален алат насилно ја отворил вратата и ги пребарувал полиците за да најде пари, кога бил откриен од полицијата и бил фатен.

При полициската истрага било утврдено дека истото лице ден претходно насилно влегло во станот на Е. С. Од Велес при што украл златен накит , обетки, прстени, ланче, приврзок во вредност од 40 илјади денари. За овие две дела тој заработи две кривични пријави за тешка кражба.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати