Петар Печков
Објавено: среда, 22 јануари 2025
Кај велешани позната како куќата на Аликара или на Апасиеви во Велес, која лани требаше да се реконструира, со средства од државата, е на работ на паѓање. Куќата требаше според годишната програма за 2024 на Министерството за култура да се реконстурира преку Националниот конзерватоски ценатар, со средства во висина до 1.200.000 денари.
Повеќе од три години ставени се градежни скелиња на куќата, лоцирана во стариот дел на Велес, близу познатото маало на Варналиите. Но градежни активности нема. Сегашните сопственици семејството Апасиеви живеат во неа на долниот кат, горниот не е безебден .
„Толку години се обидувавме како семејство да добиеме дозвола да ја обновиме. Куќата е стара, почна да пропаѓа, но секогаш добивавме ист одговор, не може ништо да се преземе, заштитена е со Закон. И така дојде до оваа ситуација да биде на прагот на пропаѓање. Три години ставија скеле ама ништо не се сработи. Со сопругата живееме долу на приземје, горниот кат не е корисен, ниту безебден. Таа на надлежнтеи повеќе пати им праќаше видеа за каква е стостојбата со куќата но ништо не се случи “ – кажа нејзиниот сопственик Пане Апасиев.
Според пишаните документи куќата е изградена во средината на 19 век, била бегова куќа, по нивното заминување купена од бавчованџијата Аликара, па подоцна од Апасиеви.
На почетокот од 2024 година НУ Национален конзерваторски центар (НКЦ) Скопје со годишната програма за работа од Министерството за култура доби 1,2 милиони денари за реконструкција, санација и конзервација на куќата на Апасиеви во Велес, на ул. Вера Циривири бр. 21 / или стара адреса Петар Михов бр. 3.
На поставеното прашање на 23 декември лани до НУ НКЦ, и неколкуте теелфонски разговори со ветување дека наскоро ќе дадат одгвор, него го нема. Остана без одговор зошто до истекот на годината не беа преземени никакви активности, согласно предвидената програма.
Во Велес од 72 заштитените куќи според архитектонското значење колку што ги имало на списокот во 80-тите години, само уште во десетина живеат семејства и се употребливи, корисни, зачувани, останатото е претворено во камен и прав, разрушено.