Петар Печков
Објавено: среда, 14 јануари 2026
Минатата година Општина Велес исплати вкупно 546.945,00 денари (нето износ 492.000 и 54.945 персонален данок ) за новороденче во 2025 година, информираа од локалната власт, на поставеното прашање од тирековмирече.ком.Финансиската поддршка се исплатува по добиено барање од страна на родителтите
Тоа се средства исплатени од општинскиот буџет за вкупно новородени 164 бебиња од нив 81 женски и 83 машки. Паричната помош е во висина од 3.000,00 денари.
Во 2024 беа исплатени средства за 176 новороденчиња а во првата година од почетокот на оваа финансиска поддршка во 2023 година, беа исплатени родители на 166 бебиња.
фото архива ТрМр
