Лани собрани две илјади м3 отпад од диви депонии и рекордни 9,5 илјади м3 градежен шут

Петар Печков

Лани со чистење на дивите депонии во околината на градот е собран отпад во количина од 1.251 м3. Локалната власт во повеќе наврати ги чистела приодите на градот од отпадот, кои несовесни граѓани го фрлаат на отворено, на места каде не е дозволено.  

Чистени се и  дивите депонии на градските локации, при што биле собрани 820 м3. Или вкупно во 2020-та година собрани се и транспортирани на соодветна депонија 2.071 м3 отпад.

„Општина Велес спроведе активности со избран оператор во тендерска постапка за чистење на поголеми диви депонии, на пристапен пат кон населба Дурутовец, на излезот од Велес кон Скопје и на излезот од Велес кон Штип. Со санација и расчистување на дивите депонии се растовари  животната средина. ЈКП “Дервен” спроведе активности за чистење на дивите депонии на градските локации, 31 на број“ - информираа од локалната власт.

Најмногу отпад  од дивите депонии во градот  е собрано од локацијата на ул. Крсте Мисирков, од разрушениот АТ Диспанзер,  кај зградата К-2, брегот на река Вардар од Железен мост до мост Гемиџии, позади факултетот за туризам и во село Сујаклари.

Минатата година собран е и градежен шут, и тоа  во количество од  9.427 м3, далеку најмногу во однос на претходните години.  Тоа е колку за трите претходно години заедно, 2.702 м3 за  2017,    2.973 м3 за 2018  и  4.359 м3 за 2019-та.

Во градежниот шут кој е фрлен на несоодветни места, доминира земја и камења, далеку помалку останатите елементи - битумен, керамиди, бетон. Ова зборува дека поединци на јавни површини го фрлаат градежниот шут иако  градот има одредена локација, каде тој се депонира. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати