Локалната власт бара невработени лица или корисници на гарантирана минимална помош за времено ангажирање на јавни работи

Петар Печков

Општина Велес го објави  јавниот  повик за ангажирање на лица приматели на гарантирана минимална помош и невработени лица со живеалиште на територијата на Општина Велес, за извршување на јавни работи. 

Согласно планот за јавни работи за 2026 година изготвен од страна на надлежните служби, Општина Велес има потреба од ангажирање на 10 лица за извршување на јавни работи во времетраење од  6 месеци, заклучно со јуни, а  со можност за продолжување за дополнително 6 месеци во текот на 2026 година.

Ангажираните лица ќе спроведуваат јавни работи од типот на чистење на улици, локални патишта, патеки, скали, чистење на водотранспортни објекти, чистење на снег од јавни површини, отстранување на наноси и одрони, фарбање на комунална опрема, чистење на јавни објекти, поставување на опрема, собирање на отпад, чистење на депонии, подигање и одржување на зелени површини и други слични работи по потреба.

Општина Велес преку овие активности им помага на луѓето кои тешко се вклучуваат на пазарот на трудот, а овие активности се од интерес на целата локална заедница.

Лицата ќе бидат ангажиранио согалсно Програма за активностите на Општина Велес во областа на заштита на животната средина во 2026 год  и Програма за одржување на комунална чистота и реализација на проекти од комунална инфраструктура, преку ангажирање на невработени лица 

Право на учество на јавниот повик имаат лицата кои ги исполнуваат следните услови:
-корисници на гарантирана минимална помош
-невработени лица
-жители на територијата на Општина Велес

Временскиот период за извршување на јавните работи од страна на ангажираните лица ќе биде во времетраење од 6 месеци, сметано од денот на потпишување на договорот, а месечниот надоместок ќе изнесува 24.000,оо денари нето износ за секое ангажирано лице со можност за продолжување на ангажманот за дополнителни 6 месеци до крајот на 2026 година и со месечен износ кој дополнително ќе се утврди со Анекс на договор.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на сообраќајната полиција во Велес? (училишна оценка)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати