Локалната власт излезе со препораки, поради високите концентрации на загадување на воздухот во Велес

Петар Печков

Поради тоа што три дена по ред, воздухот во Велес е со вредности на ПМ 10 над 100 мг на м3 , локалната власт излезе со сет мерки кои е должна да ги презентира во интерес на здравјето на  граѓаните.  

Општина Велес  ги известува граѓаните за високи среднодневни концентрации на PM 10 честички на територија на Општина Велес за деновите 24, 25 и 26 јануари 2020 година, кога е е надминат прагот за информирање од 100 μg/m3 - пишува во соопштението на Општина Велес. 

Во истото се и препораки за граѓаните а со цел зачувување на здравјето на граѓаните. 

Меѓу нив се и следните: да се користи јавниот превоз, возила да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено, правилно да се користат печките за дрва, да се користи суво не влажно огревно дрво и редовно да се чистат оџаците, да се одложат сите активности на отворено. 

Поврзани »

Роденденски попусти во dm во Велес!

Со попуст од 15 проценти на АПСОЛУТНО СÉ, па дури и на веќе намалени производи, dm дрогеријата во Велес ќе го прослави својот 5 роденден. Детали

РОНТИС вработува техничар за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:
Техничар во оддел за одржување Детали

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

  • да
  • не
Резултати