МАРКАРДТ Велес на седмо место на листата на најголеми извозници од Македонија

Петар Печков

Фабриката на германски Маркардт во Велес, е меѓу 30 најуспешни фирми извозници од Македонија за 2023 година. Таа е на 7 место според порталот извоз.мк. Година дена претходно  била на 13 место .

Извозот во 2023  бил 134,8 милиони евра, што е раст од 7,8% во однос на 2022 година. Маркардт произведува делови за автомобили, за „Aуди“, „Meрцедес“, „БМВ“, „Oпел“, „Шкода“, „Порше“, „ЛЏ“. Производниот процес е целосно автоматизиран и роботизиран.

„Компанијата произведува ултрамодерни компоненти за врвни брендови на автомобили, производството е на највисоко технолошко ниво и во голема мера роботизирано. Целата фабрика и административна зграда се направени по сите највисоки стандарди, оваа германска инвестиција е одличен пример дека и во Северна Македонија може да се работи на атрактивни работни позиции“ – кажа  Антје Ванделт, директор на Германската стопанска комора за  Северна Македонија, Албанија и Косово, во април лани.

Тогаш објавија дека имаат 840 вработени, за девет години работа,  имаат вложено 76,5 милиони евра. Неделно во фабриката на „Маркардт“ во Велес се произведуваат по 5.000 менувачи со Сваровски кристали за луксузната гама автомобили на БМВ. Од раководството открија и дека од Македонија имаат нарачки за вакви менувачи.

На врвот според извозот од Македонија е Џонсон мети со 2,36 милијарди евра, па Кромберг и Шуберт со 316 милиони евра, во овие две компании иам вработено бројни велешани. Потоа на листата е рафинерија ОКТА, па Ван Хол, и македонската компанија Алкалоид која е на 6 место.

фото архива ТрМр

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

  • да
  • не
  • зависи висината на платата/пензијата
Резултати