Малолетник додека возел велосипед паднал и тешко се повредил

Петар Печков

Понеделникот доцна попладнето во село Отиштино дете возејќи велосипед паднало и се здобило со тешки телесни повреди, поради кои е здржано на лекување во велешка Болница.

„На 9-ти мај  околу 19.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во село Отиштино, општина Чашка, малолетник, управувајќи велосипед, паднал на коловозот. Притоа, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди“- соопштија од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

„Детето има повреди на глава, скршeна носна коска и има продолжено лекување во Болница“- кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати