Петар Печков
Објавено: четврток, 05 јуни 2025
После истражувањата на откриените фрески во влезот на црквата Св. Димитрија, историчарот на уметноста Дарко Николовски, ги сподели со јавноста неговите сознанија. Тој го откри деталите кој е ктиторит, кој го финансирал градењето на црквата, но и која годината е таа изградена. Откритијата се од крајот на 13 век.
„Откривме значајни фрески од оригиналниот, автентичен живопис. Откриен е и ктиторски натпис, кој благодарејќи на рускиот коелга Виноградов, успеа да го расчита овој грчки текст. Така дознавме дека ктитор на манастирот е Котаница, и пишува дека во 1297 година, неговиот ктиторски дар бил направен“ – кажа Николовски.
На ктиторскиот натпис во внатрешноста на црквата, во влезот, пишува: подигнат од основа и насликан со средства на великиот стратопедархот Лав Котаница Зони во јули месец, 10 индикт, во 6805 (‚ςωε = 1297) година. Храмот бил даруван и од таткото на Котаница, великиот стратопедархот Гурие.
Познато е дека Лав Котаница бил Византиски пребег, во последните децении на 13 век, на границата помеѓу Византија и Србија, во регионот на Велес. Градот, се мисли на старото Кле, кое е над манастирот, можеби бил негово седиште, како воен гарнизон, но тоа од засега познатите податоци не може да се потврди.
Во одреден момент се осамостоил како самостоне феудалец. Тој водел битки сам за себе, во еден период бил и затворен.
„Историјата на Котаница е како филмски трилер. Избегал од манастирот за да по некое време е врати и продолжил да ги вознемирува Византиските сили. Но ја поддржувал страната на Српската војска на кралот Милутин, со кого заеднички, но и самостојно ја напаѓал Византија. Во мировните преговори на Византија и кралот Милутин, меѓу позначајните услови се барало предавање на Котаница од страна на Милутин, бидејќи претставувал опасност за Византија“ – раскажа Николовски.
Во турските дефтери кои последните години се објавени, постојат податоци кои ја рушата тезата дека манстирот бил затрупан за заштита пред Османлиското навлегување, или дека е затрупан по гранатирањето со топови на Осмалниите, од спротивната страна, од преку Вардар.
„Според запишаните информации, на крајот од април, во 1405 година се случил силен земјотрес, кој всушност бил причината источниот ѕид од тврдината на Калето да се урне и појава на свлечиште во кое настрадала црквата Св. Димитрија. Доказ дека црквата настрадала во одреден период, можеби токму на овој настан, е јужниот ѕид кој бил пробиен во централниот дел, кога бил затрупан храмот а обновен во XIX век со употреба на нов опус на камен, кршен, што се разликува од оригиналниот опус на ѕидање. Дилема е дали манастирот бил целосно или делумно затрупан од овој одрон. Тоа е отворено прашање на кое треба да се работи.“ – вели Николовски
Со истражувањата на живописот, од пред неколку години беше открен и ктиторот но и повеќе фрески. Меѓу нив се циклус на Св. Димитриј, ретки сцени кога тој го убива воинот или Авгар, или кога Господ го праќа трговецот да донесе жито и го спаси Солун од опсадата. Има и сцени од Сташниот суд, постар пример на овој редок циклус. Црквата е пресликана во 19 век.