Маслодајна набави две нови машини

Петар Печков

Велешка Маслодајна во две инвестиции во производството, со кое се олеснува процесот на работа. Инвестициите се вредни 78 илјади евра.

„Набавивме нова машина за прочистување на сончогледово семе. Таа е набавена пред почетокот на откупот на сончогледот и подготвени ја пречекавме за обработка  новата реколта  од оваа индустриска култура. Се добива подобар квалитет на сончогледовото семе и тоа подобро се чува. Набавивме и нов горилник, со кој   ќе се подобри работата на котелот за производство на пареа, потребна за производните процеси.   Горилникот е  од германска компанија и во функција е неколку месеци“ - кажа Олгица Стојанова директор на производство во Маслодајна. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати